Низ ходниците

„Медиум“ ги следи случувањата во средните училишта. Испратете ни ги вашите прилози кои би ги објавиле на нашата веб-страница на medium@medium.edu.mk

Штипјани освоија прво место на „Гет ин д ринг“

Herojot od mojata ulica Maturanti get in the ringПетмина штипски средношколци, на меѓународниот натпревар „Get in the ring“ го освоија првото место со сопствена апликација и сега ќе се борат за милион евра во Брисел. На меѓународниот натпревар победија во конкуренција од 27 врвни старт-ап бизнис идеи. 

Апликацијата, која ја презентирале пред 12 потенцијални инвеститори, е маска за телефон, наменета за лицата со Рејнаудов синдром, поточно луѓе со слаба циркулација во рацете. Маската е таа која ќе ги загрева и лади рацете.

Средношколците објаснија дека апликацијата ја работеле месец и половина, а натпреварот на кој победиле бил за почетнички бизниси. Поради добрата апликација биле поместени на повисоко ниво и освоиле прво место во категоријата-електронско здравство.

Планот на младите штипјани е прво да најдат инвеститори за да произведат прототипи, со цел да осознаат дали и на каков одзив ќе наиде иновацијата кај публиката во Македонија.

Натпреварот во Брисел ќе се одржи во март следната година, а трошоците за авионски билети се покриени од гимназијата  „Славчо Стојменски“.

 

Read 17 times Last modified on Вторник, 05 Декември 2017 11:38

Leave a comment

Make sure you enter all the required information, indicated by an asterisk (*). HTML code is not allowed.

За проектот

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. ќе го реализира проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“.

Повеќе

За весникот „Медиум“

„Медиум“, весникот на сите средношколци е плоштадот на слободата на младите луѓе. Средношколец си и сакаш да пишуваш во весник. Стани дел од редакцијата на првиот средношколски весник кој излегува еднаш месечно во „Нова Македонија“.

Повеќе

 
Адреса
ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 17/1-1, Скопје тел. 02 / 30 90 004