Низ ходниците

„Медиум“ ги следи случувањата во средните училишта. Испратете ни ги вашите прилози кои би ги објавиле на нашата веб-страница на medium@medium.edu.mk

Зачестува булингот меѓу учениците

Tema za dilema Buling3Околу 30 отсто од учениците биле изложени на секаков вид на врсничко насилство, а 50 отсто биле сведоци на малтретирање на нивни соученици, покажале резултатите од анкетата во рамки на иницијативата „Стоп на булингот во училиштата“, која три студентки ја спроведоа во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје.

Врсничкото насилство или т.н. булинг (анг. bullying) се јавува во различни форми и е секојдневие како во средните, така и во основните училишта. Навреди, омаловажување, потсмев, пцовки, но и клоци, удари, лесни телесни повреди, се само дел од сведоштвата на учениците кои поминале низ овој пекол од свои соученици. Ретко се говори јавно за лошите искуства, а уште поголем проблем е што учениците тешко го препознаваат овој вид на насилство, кое може да биде вербално или психичко, физичко, сексуално, но и сајбер-булинг односно онлајн малтретирање на врсници. Непрепознавањето на насилството води кон депресија, анксиозност на жртвите, што може да се прелее и по завршувањето на средното образование. Младите истражувачки како клучен проблем го гледаат отсуството на механизми за одбрана.

Tema za dilema Simona Stojcevska
 
Tema za dilema Marina Gjorgieva

- Речиси ¾ изјавија дека знаат како да се справат со вербално или физичко насилство, но 30 отсто од нив сметаат дека решение е физичко насилство како одговор, враќање со иста мера и игнорирање- објасни Симона Стојчевска (22), една од предводничките на волонтерската иницијативата „Стоп за булингот во училиштата“. Симона заедно со своите колешки-студентки на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) - Тијана Радиќ (21) и Марина Ѓоргиева (21) се здружиле и ја почнале оваа иницијатива со цел за  поголема едукација на учениците околу овој сериозен проблем. Тие неодамна организирале и јавен настан во три средни училишта „Георги Димитров“, „Никола Карев“ и „Орце Николов“ под мотото „Булинг, не повеќе“ на кој учествувале 70-тина ученици, како и психолози и од невладината организација Х.Е.Р.А, со кои дискутирале и за сексуалното насилство.

- Иницијативата е дел од предметот „Медиуми и комуникации“, кој е наш предмет по слободен избор. Според концептот, првиот дел опфати изработка на нацрт-план за иницијативата, а вториот дел е нејзино спроведување. Нашата цел е подигање на свеста, градење на механизам и систем за превенција од секој вид на насилство во училиштата-објаснија трите студентки.

Според сознанијата, но и раскажаните искуства од ученици, во основните училишта е поприсутно физичкото насилство, а во средните психичкото односно вербалното.

- Имаме разни искуства од жртви, вознемирувани од ученици со потсмев за изгледот, облекувањето, но и измислување на погрдни прекари. Сето тоа продолжило и на екскурзија, кога соучениците продолжиле да ја вознемируваат жртвата со песни во кои го вметнуваат нејзиниот погрден прекар. Жртвата се чувствува мало, засрамено, исплашено, ја губи самодовербата, довербата во луѓето, се повлекува-раскажуваат девојките.

Трите студентки ќе ја прошират оваа иницијатива и во други средни училишта во Скопје. Нивната порака до жртвите е да не премолчуваат насилство од своите соученици во кој било облик, да побараат помош, а оние кои се сведоци да бидат солидарни со жртвите, да им помогнат и да го кренат гласот против „булингот“.

Сексуалното образование како едно од решенијата

Tema za dilema Buling1Сексуалното вознемирување е поретко, но има примери кога и покрај пријавите од жртвите, насилството не само што било нерешени, туку и продолжило. По преживеаните искуства, и завршувањето на училиштето, последиците не престануваат по жртвата. Напротив, таа се чувствува идентично како претходно, продолжува да нема доверба во себе и во пријателите, се сомнева дури и во нивната добронамерност, водена од претходните лоши искуства. Продолжува да мисли дека сите и’ се потсмеваат. Дури и мисли дека го заслужува сето тоа, едноставно доколку не го препознае насилството или не го надмине, ќе развие комплекс на пониска вредност. Други жртви, пак, се агресивни, вознемирени, со нарушено психичко здравје и постои опасност од жртви, во иднина, самите да станат насилници.

Иницијаторките сметаат дека е потребно воведување сексуално образование во училиштата со цел спречување на оваа појава. Потребно е посистемски да се работи на препознавање на појавата, поголема промоција на функцијата психолог-педагог во училиштата и запознавање на учениците со нив и нивната работа. Неопходна е и воншколска соработка со поединци, стручни лица, со организации, образовни институции.

Следниот настан, го планираат за следната година, во неколку други скопски училишта.

Read 20 times Last modified on Вторник, 05 Декември 2017 11:55

Leave a comment

Make sure you enter all the required information, indicated by an asterisk (*). HTML code is not allowed.

За проектот

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. ќе го реализира проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“.

Повеќе

За весникот „Медиум“

„Медиум“, весникот на сите средношколци е плоштадот на слободата на младите луѓе. Средношколец си и сакаш да пишуваш во весник. Стани дел од редакцијата на првиот средношколски весник кој излегува еднаш месечно во „Нова Македонија“.

Повеќе

 
Адреса
ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 17/1-1, Скопје тел. 02 / 30 90 004