Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

stipСамо што ќе му се приближите на центарот на Штип, десно од реката Брегалница, пред вас гордо се истопорува големото, светложолто здание на славната штипска гимназија „Славчо Стојменски“.

klimatskiЕвропската телевизија за култура „Арте“ овозможува твојот глас да биде слушнат од светските лидери преку учество во изработката на документарниот фил „Climаte Ops“. Документарецот ќе се продуцира преку прибирање на најдобрите секвенци од видеа кои ќе пристигнат од 47 европски земји. Филмот ќе биде емитуван на телевизијата и достапен на интернет за време на Конференцијата за климатски промени (COP21), што ќе се одржи во Париз во декември оваа година.

traktorСкопското ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“ освои повеќе индивидуални и екипни награди на тракторските натпревари што се одржаа оваа недела во Куманово.

Околу 60-тина средношколци од скопското училиште „Јосип Брзо Тито“ го гледаа филмот ,,Игра на имитирање“ што беше проектиран во холот на училиштето.

megj-den-sportСо средношколски натпревари во одбојка-жени и футсал-мажи беше одбележан Меѓународниот ден на спортот - 6 април во скопското училиште „Здравко Цветковски“.

gjorgi-dimitrov-ucenСредношколци од скопското училиште „Георги Димитров“ се претставија со свој штанд на еден од најатрактивните научни саеми во регионот „Наук није баук“ што се одржа во Ниш, Србија.

Средношколци од прилепското училиште „Орде Чопела“ учествуваа на обуки за земјоделско претприемништво во Португалија, Грција и Холандија кои треба да ги поттикнат иницијативата и претприемништвото на учениците и да ги подобрат нивните можности за вработување и кариера.

ku-proekt-sredСредношколци од кумановското училиште „Перо Наков“ посетија маркетинг агенција во Гранада, Шпанија како дел од проектот за имплементација на практична настава во образовниот процес преку соработка со бизнис секторот и примената на информациско-комуникациските алатки.

mladi-petpriemaci-ambasadori1На училишен терен ја развиваат сопствената компанија и претприемничкиот дух, а преку меѓународни проекти за претприемништво успешно ги претставуваат и училиштето и државата. Тоа се средношколците од скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ кои го следат предметот Иновации и претприемништво. Наставата која им овозможува практична примена на претходно здобиените знаења и вештини ги оспособува корчагинци уште како тинејџери да ги осознаат основите и функциите на бизнисот и да се подготват за нивното идно факултетско образование и кариера.

site-polinja1Економијата и правото се навистина интересени области за изучување. Ќе се уверите во тоа особено ако дојдете во скопското економско-правно училиште „Арсени Јовков“. А, можеби и дополнително ќе се заинтересирате за „Арсени Јовков“, ако дознаете за фактот дека ова е првото стручно и единствено училиште во Македонија што учествува во меѓународен проект за претставување на креативноста на учениците преку размена со ученици во странство и работа во интернационални тимови. Проектот насловен како Маркетинг иницијатива на ученици за професионална орентација и прогрес (МИСПОП) го раководи професорот Зоран Златковски.

zlo-ne-misliПовторно да се родам не би била ништо друго туку професор, ќе каже за себе професорката по музичко Силвана Гелевска. Веќе 25 години за неа училницата со пијано во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ е најубавото место на светот. Тука се учи јазикот на музиката, тука се рушат стереотипите, тука учениците се дружат и се забавуваат. Благодарение на енергијата која ја добива од младите луѓе, професорката Гелевска е секогаш ведра и насмеана.

zameaАнтониа Гиговска е четиринаесет годишна девојка од Скопје и е основка во скопското училиште „Стив Наумов“ во Автокоманда. За да се уверите во тоа што ќе ви го раскажам, ви препорачувам веднаш да го пребарате името на оваа девојка на Јутјуб. Антониа има огромен потенцијал за да стане врвна пејачка, а најинтересното е тоа што откако таа реши да го покаже талентот со неколку настапи, за неполна една година доби бројни признанија и награди на фестивали и натпревари.

genialen-um1-Човекот, како живо битие, живее за да ги оствари своите соништа и да го достигне врвот на своите квалитети. Токму тоа го правам јас, го живеам својот сон. Ова се зборови на средношколецот Кристијан Нелковски, ученик во прва година во скопската гимназија ,,Никола Карев".

sergej-sarcevskiKраткиот филм „Украдена насмевка“ на 15-годишниот Сергеј Сарчевски е номиниран во официјалната селекција на меѓународниот филмски фестивал „Детско око“ кој оваа недела се одржува во Будимпешта, Унгарија.

naptrevarГрадот Скопје годинава првпат го реализира проектот за поддршка на натпревари по повеќе наставни предмети кои традиционално се спроведуваат од акредитирани здруженија за организација на натпревари во средните училишта.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk