Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

niz hodnicite arsenij jovkovУчениците на СЕПУГС „Арсени Јовков“ од Скопје во периодот 4 до 19 април годинава, во рамките на проектот ВЕТ Датабаза Администратор, од програмата Еразмус +, остварија успешна обука во рамки на Европската Рамка на Квалификации (European Qualification Framework). Станува збор за специјализираната тренинг институција „Синтеа“ за електронско администрирање на податоци од Лублин во Полска.

Средношколката Ирина Шафкуловска има 17 години и е трета година во гимназијата „Јосип Броз Тито“- Битола. Учествувала не неколку републички натпревари, на кои освоила први награди, но исто така била наградена и на меѓународни купови. За нејзината пасија кон физиката и другите области, разговараше соученичката Анета Трајковска

vardar ucilФудбалерите на ФК „Вардар“ неодамна ги посетија учениците од средното економско-правно училиште „Васил Антевски-Дрен“ во Кисела Вода. Вардаровите првотимци Грнчаров, Пачовски, Кобетиќ, Глишиќ, Фелипе, Ивановски и други, другаруваа, разговараа и се сликаа со своите фанови, а воедно одиграа и пријателски меч на мали голови со училишната лига, составена од ученици, кои во исто време се и дел од кадетската екипа на овој фудбалски клуб.

На тема „Соларна Македонија реалност или фикција“, кичевската гимназија „Мирко Милески“ организираше „Саем за зелени работни места и образование“. Предавање на темата одржа професорот на универзитетот МИТ од Скопје и Декан на факултетот за еколошки ресурси, д-р Илија Насов, додека можностите за студирање на зелени програми ги презентираа учесниците од седум земји од Европа.

debatniot klubУчениците од гимназија "Гоце Делчев" започнаа со јавни дебати на најразлични теми. Иницијатор е професорот по социологија Зоран Петрушевски, а дебатниот клуб го формираа матурантите од гимназија "Гоце Делчев" од Куманово. Дебатите се организираат два пати месечно, на теми кои најмногу ги засегаат младите.

najkul profesor1Математичарот што му води и на Леонардо ди Каприо со два спрема еден во добиени „оскари“ – е шегата која изминатиов месец пријателите ја испраќале на адресата на професорот Гоце Ангеловски.

Тој е професор во скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“, а предава математичка анализа на два класа од природноматематичките смерови. Вели, статуетките кои „корчагинци“ секоја година им ги доделуваат на своите професори му се помили од какви било други оскари или признанија, бидејќи во работата на еден професор, најважно е учениците да бидат тие кои ја препознаат неговата посветеност и ќе му возвратат со иста мера.

stipСамо што ќе му се приближите на центарот на Штип, десно од реката Брегалница, пред вас гордо се истопорува големото, светложолто здание на славната штипска гимназија „Славчо Стојменски“.

klimatskiЕвропската телевизија за култура „Арте“ овозможува твојот глас да биде слушнат од светските лидери преку учество во изработката на документарниот фил „Climаte Ops“. Документарецот ќе се продуцира преку прибирање на најдобрите секвенци од видеа кои ќе пристигнат од 47 европски земји. Филмот ќе биде емитуван на телевизијата и достапен на интернет за време на Конференцијата за климатски промени (COP21), што ќе се одржи во Париз во декември оваа година.

traktorСкопското ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“ освои повеќе индивидуални и екипни награди на тракторските натпревари што се одржаа оваа недела во Куманово.

Околу 60-тина средношколци од скопското училиште „Јосип Брзо Тито“ го гледаа филмот ,,Игра на имитирање“ што беше проектиран во холот на училиштето.

megj-den-sportСо средношколски натпревари во одбојка-жени и футсал-мажи беше одбележан Меѓународниот ден на спортот - 6 април во скопското училиште „Здравко Цветковски“.

gjorgi-dimitrov-ucenСредношколци од скопското училиште „Георги Димитров“ се претставија со свој штанд на еден од најатрактивните научни саеми во регионот „Наук није баук“ што се одржа во Ниш, Србија.

Средношколци од прилепското училиште „Орде Чопела“ учествуваа на обуки за земјоделско претприемништво во Португалија, Грција и Холандија кои треба да ги поттикнат иницијативата и претприемништвото на учениците и да ги подобрат нивните можности за вработување и кариера.

ku-proekt-sredСредношколци од кумановското училиште „Перо Наков“ посетија маркетинг агенција во Гранада, Шпанија како дел од проектот за имплементација на практична настава во образовниот процес преку соработка со бизнис секторот и примената на информациско-комуникациските алатки.

mladi-petpriemaci-ambasadori1На училишен терен ја развиваат сопствената компанија и претприемничкиот дух, а преку меѓународни проекти за претприемништво успешно ги претставуваат и училиштето и државата. Тоа се средношколците од скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ кои го следат предметот Иновации и претприемништво. Наставата која им овозможува практична примена на претходно здобиените знаења и вештини ги оспособува корчагинци уште како тинејџери да ги осознаат основите и функциите на бизнисот и да се подготват за нивното идно факултетско образование и кариера.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk