Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Три пара идентични близнаци, за прв пат минатата година, седнаа во ученичките клупи на гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола, каде има вкупно 204 ученици.

Средното електротехничко училиште на Град Скопје „ Михајло Пупин “ доби современо опремена училница за потребите на специјалната ЕВН – паралелка, како дел од проектот „20/20/20”.

Над 140 средношколци од 28 средни училишта од Македонија беа дел од Иновативниот камп – натпревар на средношколци во претприемачки вештини во организација на „Junior Achievement Macedonia”, програма поддржана од УСАИД, а дел од глобалната мрежа Junior Achievements Worldwide.

Во гимназијата „Никола Карев“ се одржа настанот „Три дена култура“, кој опфати средношколски филмски фестивал, театарски перформанси, музички настан и дигитална изложба. Учениците, од 21 до 23 февруари, имаа можност да ги претстават своите авторски дела, снимени кратки филмови, театарски претстави, да настапат со своите музички бендови,а и да ги промовораат своите фотографии.

За мотивација на средношколците, Градот Скопје, годинава, ќе додели стипендии на 100 најуспешни спортисти – средношколци кои учат во средните училишта на територијата на Скопје. Наградниот фонд кој е предвиден за стипендии на ученици и ученички изнесува 3 милиони денари, поточно по 3.000 денари во текот на осум месеци до крајот на 2018 година.

Марко Б., средношколец во трета година во Гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“, новогодишната ноќ ќе ја помине со друштво во едно скопско кафуле. Имал желба да слави и на друго место, вон градот, но тренинзите во ракометниот клуб го ограничуваат во намерата. Едноставно, мора да остане цел зимски распуст во Скопје и напорно да тренира.

Кире Ацески е средношколец со големи афинитети кон актерството и музичката уметност, благодарение на генетските предиспозиции. Тој е ученик во трета година во гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес. Во исто време знае свири на клавир, гитара, учествувал на натпревари, освојувал награди. Уште од мали нозе ја засакал театарската уметност, а сега во фокусот му е актерството, дел е од аматерски театарски претстави и иднината ја гледа токму во оваа професија.

Во рамки на програмата „Еразмус +“ и невладината организација „ГЕТ Иновација“, од 16 до 24 ноември 2017 година, се одржа семинар на младинска размена во Шпанија. На семинарот присуствуваа учесници од Италија, Франција, Шпанија, Португалија, Романија, Полска, како и шест младинци од Македонија, меѓу кои и учениците од гимназијата „Јосип Броз- Тито“ од Битола.

Велешката гимназија „Кочо Рацин“, која е една од најстарите образовни институции на нашите простори, прослави 160 години гимназиско образование во Велес, како и патронатот на училиштето. Јубилејот беше одбележан со литературен конкурс на тема „Образованието и уметноста – важни духовни вредности“,  доделени награди за најдобрите, музичко-уметничка програма, како и со театарската претстава „Многу врева за ништо“ од Вилијам Шекспир.

Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија во соработка со Пливачката федерација на Македонија го поддржа учеството на четворица пливачи на Европското првенство во кратко пливање-ЛЕН, во Копенхаген, Данска, во Кралската Арена. Репрезентацијата во данската претстолнина ја сочинуваа Љупчо Ангеловски (50 метри делфин и 50 метри слободно), Давор Петровски (100 и 200 метри делфин), Ана Јаневска (50 и 100 метри делфин и 50 и 100 метри слободно) и Миа Крстевска (50, 100 и 200 метри делфин).

Koга од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста вторпат ме прашаа дали би бил домаќин на средношколци за „Медиумскиот ден“, без двоумење ја прифатив поканата. Веднаш ми текна на ланскиот настан кога ученциите-гости ме бомбардираа со прашања за работата на медиумите. Годинава го минавме истиот процес со 60-тина ученици кои во неколку групи се запознаа со функционирањето на една новинска информативна агенција.

Околу 30 отсто од учениците биле изложени на секаков вид на врсничко насилство, а 50 отсто биле сведоци на малтретирање на нивни соученици, покажале резултатите од анкетата во рамки на иницијативата „Стоп на булингот во училиштата“, која три студентки ја спроведоа во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје.

Стружанецот Нико Нестор беше пливач, ватерполист, маратонец и сестран учесник на сите спортови во вода. Човек кој прв го преплива Охридското Езеро по неговата должина, а на 9 септември 1959 година и каналот Ла Манш. Воедно, тој бил и првиот учесник од овие краишта на трката Атлантик Сити – Њу Џерси која се одржала на американскиот континент. Меѓутоа цел живот останал аматерски спортист.

Петмина штипски средношколци, на меѓународниот натпревар „Get in the ring“ го освоија првото место со сопствена апликација и сега ќе се борат за милион евра во Брисел. На меѓународниот натпревар победија во конкуренција од 27 врвни старт-ап бизнис идеи.

Повеќекратната добитничка на златен медал во гимнастика-јуниорки на државно ниво, Елеонора Димковска, е ученичка  во прва година во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола. Иако е млада, а во гимназијата почетник и пред неа се многу предизвици, тоа сепак не може да се рече кога се во прашање гимнастичарските сали.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk