Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

KADE BEVME Zef Ljus Marku 03fПознатиот фудбалер Арбен Трстена, пејачот Бени Шаќири и дизајнерката Афродита Кики се само дел од јавните личности чии средношколски денови поминале во клупите на скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“.

TEMA ZA DILEMA 04 naslovna filmska pismenost02fВо време на дигиталната ера, кога од сите нишани сме „бомбардирани“ со разни информации и приказни, употребата на видеото како алатка за нивно визуелно претставување зема сѐ поголем замав. За тоа сведочи и еден од последните трендови на социјалните мрежи, каде што медиумите, институциите, организациите, но и обичните корисници сѐ почесто наместо статус или текст објавуваат разни аудиовизуелни содржини.

NIZ HODNICITE teatarska pretstavaf„Гивгилија рамна кути тепсија“ е насловот на театарската претстава што учениците од средното гевгелиско училиште „Јосиф Јосифовски“ ја одиграа на 20 октомври во Народниот театар во Гевгелија. Претставата се реализираше во рамките на проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието во организација на УСАИД - Македонија.

NIZ HODNICITE Megjunaroden turnir 02fСредношколските екипи од Скопје ги освоија првите места во футсал - машки, кошарка - машки, одбојка - женски, како и во ракомет во машка и во женска конкуренција на меѓународен средношколски турнир што се одржа во главниот град. Единствено како победници не се запишаа ученичките од женската екипа во кошарка, каде што најдобри беа средношколките од Загреб.

Средношколката Ивана Пенчова од Штип со нејзиниот стрип победи на 14-от интернационален стрип-салон „Велес 2016” во конкуренција на 70 други дела. Таа го освои првото место во категорија на натпреварувачи над 18 години.

00 Vovednik Magdalena SaraginovafАвтор: Магдалена Сарагинова, професорка во СОУ „Кочо Рацин“, Велес

Пред неколку дена наидов на статистички податоци според кои бројот на млади кои никогаш не читаат книги, од 1984 до 2014 година е зголемен за трипати, односно од 9 на 27 отсто. Овие истражувања се спроведени од страна на „Комон сенс медиа“, платформа за отворени ресурси што се занимава со оценување и поставување возрасни граници на филмови, книги, видеоигри и слично.  

NIZ HODNICITE Orce Nikolov 01fЧетворица матуранти од скопското средно училиште „Георги Димитров“ интерпретираа дел од творештвото на Крсте Петков Мисирков, по повод 90 години од неговата смрт. Настанот се одржа во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје и со истиот се искажа почит кон ликот и делото на Мисирков.

martinohridЖелба за подобар еколошки свет и амбиција да се заштити природата, но и почитување на човековите и правата на животните. Вака накусо, во една реченица може да се опише матурантот во охридската гимназија „Св. Климент Охридски“, Мартин Колоски. Средношколец кој активно учествува во низа граѓански акции, ги следи проблемите кај нас и во светот и вели дека со својот активизам настојува да ги поттикне луѓето околу него да ја разбудат својата свест.

liderskikamp2Идеално место за самопознавање и развивање, стекнување вештини од неформалното образование како за демократијата, животната средина и општествената одговорност, но пред сѐ учење вештини за лидерството. Вака во една реченица Дамјан Георгиевски го опишува Младинскиот лидерски камп.

mediumski pismenГолем број медиуми, заситеност од разни портали, море од контролирани и неконтролирани информации, опасност да се биде манипулиран или да се злоупотребат нечии лични податоци, но и можност самиот да создадеш и да понудиш медиумски производ на јавноста и да го кажеш својот став за одредено прашање.

Vovednik1Славка Јанеска, професорка во општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“ во Охрид

Образованието во Република Македонија е процес кој се гради речиси еден век. Прашањата се каде се наоѓа, колку напреднало сите овие години и на кое место се наоѓа истото во однос на другите европски образовни системи. И секако најзначајното, колкава е неговата функционалност и примена во 21 век.

gjorgi2Со историја подолга од половина век, богато искуство од многубројни натпревари, културни настани и проекти, соработка со организации и институции, но пред сѐ визија за развивање на свеста и врежување на трајни и применливи знаења и вештини кај учениците е она со што може да се пофали средното училиште „Георги Димитров“ од Скопје.

Izlozba 21Средното скопско училиште „Раде Јовчевски-Корчагин“ пет дена беше домаќин на патувачката изложба „Ана Франк - историја за денес“, која претставува збир од 39 панели за животот на малата Ана и нејзиното семејство за време на Втората светска војна. Изложбата досега гостувала во четириесетина земји, а отворањето во Македонија се случи во Министерството за надворешни работи, во чест на одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот, 27 јануари. Во скопската гимназија, пак, настанот траеше од 12 до 16 септември, а беше организиран под менторство на професорите Валентина Костовска и Атанас Сопотски.

Nedela na mobilnost11Со возење велосипеди низ главниот град, средношколците од скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ беа дел од Европската недела на мобилност која традиционално се одбележува и во Скопје. Таа траеше од 16 до 22 септември, а гимназијалците беа дел од големото велосипедско дефиле низ градските улици и булевари, што се одржа на последниот ден кој, воедно, е прогласен и за Ден без автомобили.

Film1Филмот за бегалците што го снимија средношколци од клубот „Јоска“ при средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија ја доби престижната награда „Плурал плус Балкан 2016“ (Plural+ Balkan 2016). Наградата ја добија во рамките на интернационалниот видеофестивал „Плурал плус“ (Plural+), во категоријата за средношколци од 13 до 17 години, на алијансата на Обединетите нации на цивилизациите и на Меѓународната организација за миграции.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk