Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

dali-chasot3„На мојот час не може да биде досадно. Обработуваме и разговараме за секојдневни теми и во зависност од темата различен е и пристапот кон учениците. Максимално ги користиме методите на информатичко-комуникациската технологија (ИКТ) и благодарение на компјутерите и софтверите со кои располагаме се овозможува вклучување на сите ученици во наставата. Преку нив се решаваат тестови и вежби, се пишуваат есеи.“ Вака професорката Јасмина Василевска го започна разговорот за тоа како течат нејзините часови во битолското средно училиште „Таки Даскало“, каде таа предава по предметот Англиски јазик.

                   

 

Конкурс за најдобар средношколски медиумски производ

„ИЗРАЗИ СЕ ПРЕКУ МЕДИУМИТЕ“

 

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, во соработка со Амбасадата на САД во Македонија го објавува конкурсот за најдобар средношколски медиумски производ „Изрази се преку медиумите“. Учениците и училиштата можат да аплицираат со фотоприказна, постер или едноминутнo видео на тема „(Де)конструирај ги медиумите: Пораката зад пораката“.

pretpriemacka-poseta-prilepСредношколци од скопското училиште „Георги Димитров“ се запознаа со претприемничкиот процес при производството на тутун и пиво при посетата на Музејот и инстититот во Прилеп и Прилепската пиварница.

ikt-mlad-rabСредношколците да стекнат вештини за подобро користење на информатичко-комуникациските технологии во областа на младинската работа беше целта на тренинг курост што се одржа во рамки на Програмата ЕРАЗМУС+ на Европската унија во текот на јануари во Арад, Романија.

jbt-chas-privatnostКолкав број од учениците добиваат, а колку од нив испраќаат провокативни фотографии на социјалните мрежи? Колку имаат креирано лажни профили и со која цел? Колкав е процентот на родители кои се информирани и загрижени? Што велат тие, а што учениците?

korcagin-humanitarniСредношколци од скопското училиште „Раде Јовчевски – Корчагин“ организираа хуманитарен маркет во училишниот хол на кој се продаваше здрава храна.

amanetЧленовите на Младинската организација при битолското економско училиште „Јане Сандански“ изготвија документарен филм по повод 91 година постоење на училиштето. Изминатото полугодие тие првпат го издадоа и училишниот весник „Аманет“.

ekskurzija-algoПариз, Амстердам, Берлин... се некои од градовите кои им овозможија на учениците од приватната гимназија „Алгоритам“ да се запознаат со различните европски култури и вредности. На училишните екскурзии кои траат и до 12 дена среношколците можат да ја почувствуваат Европа „на дланка“.

team„Да ја поттикнеме солидарноста: Да се грижиме за другите и да го споделиме она што го имаме!“ – ова е темата на овогодишниот конкурс за прекугранични школски објекти. По осми пат по ред, ACES – Академијата на средноевропски училишта ги повикува наставниците и учениците да осмислат и спроведат нови проекти, во соработка со меѓународни партнери. Предлозите на проектите можат да се испратат во периодот од 15 јануари до 15 април. Училиштата кои ќе претстават најдобри проекти ќе освојат вредни парични награди.

caj-gpetrovСредношколците од скопското училиште „Кочо Рацин“ делеа топол чај во студените зимски денови на жителите во населбата Ѓорче Петров по повод училишниот патрон празник. Учениците ја реализираа уличната акција под мотото „Направи добро дело“, сакајќи да прикажат дека придонесуваат за доброто на заедницата и дека се поборници против девијантните појави кои кружат околу нив.

drofboliСе присетува кога за роденден како дете добил кученце и оттогаш животните му станале дел од неговото секојдневие. Професорот по ветерина Ивица Спасовски во неговиот живот посветил премногу грижа за кучиња, мачки, папагали, а денес има мини фарма со повеќе видови на животни и украсни птици. Ја сака и работата со ученици, па денес предава токму во средното училиште кадешто учел - скопското ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“.

kreativen-bt-gimnazijaАко прошетате низ ходниците на битолската гимназијата ,,Јосип Броз Тито”, во секој агол ќе ги забележите креативноста и уметничкиот дух на нејзините средношколци. Од една училница се слушаат музичките проби на членовите од училишните бендови, во соседната нивните соученици цртаат седнати на прозорецот, а трети ги усовршуваат улогите за театарската претстава. Врвулицата од средношколци кои се подготвуваат за претстојните училишни настапи прави во битолската гимназија да владее креативен хаос.

multimedijalciИзминативе денови низ скопските улици се снимаат последните сцени од 12-те краткометражни филмови, кои се авторски проекти на средношколците од првата генерација на отсекот за мултимедија во средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“ во Скопје.

prva-operska-vecerУчениците од Младинската заедница при прилепската гимназија „Мирче Ацев“ ја организираа првата ораторска вечер во градската библиотека „Борка Талески“.

tijana-milic„Понекогаш повторно се враќам во моментите кога сум мало девојче кое верува во среќен крај. Добро, сепак во реалниот живот е потешко отколку во бајките, но ќе се потрудиме да има среќен крај, нели?“. Ова беше срдечното добредојде на средношколката од скопското училиште „Јосип Броз Тито“, Тијана Милиќ на промоцијата на нејзините две книги.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk