Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

mediumski-denОколу стотина тинејџери ја осознаа и учествуваа во продукцијата на неколку меинстрим медиуми во Македонија на првиот Медиумски ден за средношколците што Високата школа за новинарство и за односи со јавноста го организираше на 12-ти декември.

stip-srednosСредношколци од штипското музичкото училиште ја презентираа македонската народна музика на заеднички концерт со Државниот конзерваториум на турска музика во Истанбул.

zef-ljus-marku-pravoОколу 15 членови на клубот „Учиме право“ во скопското училиште „Зеф Љуш Марку“ редовно се информираат за човековите права и слободи, демократијата и концептот на владеење на правото.

dzifoniОколу 50 ученици од скопското средно училиште „Јосип Броз Тито“ беа дел од вториот филмски фестивал за млади „Џифони“.

100-god-sv-vojПедесетина ученици од поранешните југословенски простори ја одбележаа 100-годишнината од крајот на Првата светска војна со заедничка театарска претстава во словенскиот град Птуј.

maraja-kiri-45Илјадници образовани ученици со кариери во стопанството, политиката, културата и образованието се гордоста на скопското училиште „Марија Кири – Склодовска“, кое овој месец одбележа 45 години од своето постоење.

brakja-milad-50Училиштето „Браќа Миладиновци“ во Скопје ги прослави јубилејните 50 години постоење со неколку настани во текот на годината.

nova-zlatoСредношколците од училиштето НОВА триумфираа на меѓународниот фудбалски турнир, кој се одржа во Скопје од 6 до 8 ноември.

bogdanciСредношколци од училиштето „Богданци“ освоија први места во две категории на годинешното Образовно рандеву, што се одржа во Крушево.

kumanovci1Секоја година исполнета со нови искуства и нови животни лекции. Вака учениците од кумановската гимназија „Гоце Делчев“ го доживуваат средношколскиот период поминат на клупите од ова училиште. Со многубројни дипломи, пехари, медали, државни награди и драмски достигнувања, тие велат дека гимназијата од година во година станува сѐ поелитна, проширувајќи ги видиците на учениците и нудејќи можност за претставување преку разни секции, како пред домашна публика, така и во странство.

karev-cestito2На 9 ноември 2014 ...црвени и златно-жолти балони, црвени панделки и ученици во свечена облека, наредени во ред пред влезот на Македонската опера и балет. Тоа беше сликата ден пред роденденот на скопската гимназија „Никола Карев“, кога учениците, вработените и многу гости го прославија јубилејниот патронат – 70 години од постоењето на училиштето.

apliciranСакал да биде истражувач на природата, но кога го започнал студирањето во него се родила желба за работа со деца. И станал тоа што е денес. Иновативен, креативен, професор и соработник на учениците на 21 век. Модерен и интересен во секој поглед. Тоа е тој. Нашиот „виртуелно“ реален и оригинален - професорот по информатика во СУГС „Орце Николов“ Борис Попов.

hobi-ili1Цртањето илустрации и стрипови е несекојдневното и интересно хоби на 17-годишниот Мирослав Грчев од Скопје. Овој ученик во скопската гимназија „Георги Димитров“ поголемиот дел од своето време го минува со своите цртежи, во кои остава дел од себе.

medium27Средношколките Ивана Карова од Кочани и Емилија Манасијева од Гевгелија своите амбиции за општествен активизам ги исполнуваат преку активности на локални младински организации. Ивана е претседателка на кочанската организација „Авангарда“, а Емилија е еден од поактивните членови на гевгелиската „БУМ“. Тоа се мали организации кои спроведуваат обуки за младински активизам, локални спортски и хуманитарни настани, а понекогаш учествуваат и во поголеми регионални или национални проекти. Вакви младински здруженија има во повеќе градови низ Македонија. Во нивните активности можат да се вклучат средношколци кои сакаат да бидат општествено ангажирани и активни.

srednoskolci-mediumУчествувај на Медиумскиот ден за средношколци, што ќе се организира на 12-ти декември, и вклучи се во процесот на продукција во мејнстрим медиумите. Пријави се најдоцна до 8-ми декември (понеделник) на medium@medium.edu.mk и остави ги твоето име и презиме и контакт податоци

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk