Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Иницијативи

Еднодневна обука за новинарите од североисточниот регион се одржа денеска во рамките на проектот „Инклузија преку медиуми“ во организација на здружението за промоција  и развој на инклузивно општество „Инклузива“ од Куманово. Целта на проектот е да се зголеми учеството на лицата со попреченост  во локалната заедница со подобрување на нивинте вештини  за медиумска писменост преку обуки во  инклузивни групи и директно учество во серијал на емисии на пет различни теми, тема социјална заштита, здравство, образование, вработување и дискриминација.

Предавач на обуката беше новинарот  Зоран Иванов, кој потенцираше дека граѓанските теми треба да бидат позастапени во медиумите.

-Главно зборувавме за граѓанското новинарство, тоа е една новинарска појава многу афирмирана последните декади во светот, редакциите и новинарите повеќе да се занимаваат со т.н. граѓански теми, да покренуваат акции, да бидат активни, да ја анимираат јавноста и да помогнат на политиката и воопто на општеството да се менуваат некои сосотјби за кои граѓаните или посебни целни групи како  сега кога зборувам за лица со посебни социјални потреби или поточно со посебни социјални различности да може општеството да се адаптира на нивните  потреби , тоа е тој тип на граѓанско новинарство за кој денеска зборував, изјави Зоран Иванов, предавач- новинар

Денешната обука е прва активност од проектот кој започна на први јуни , а ќе се имплементира до јануари следната година, вели Благица Димитровска од Инклузива.

-Овој проект започна од први јуни , ќе се имплементира до јануари 2018 -та година. Досега и медиумите и ние поминавме низ серија обуки каде што се обучувавме за многу важни работи бидејќи проектот е со цел да се подигне јавната свест за потребите, можностите, но и предизвиците на лицата со попреченост и другите ранливи групи во кои што спаѓаат нивните потесни семејства во кои ќе бидат снимени пет емисии на различни теми кои се многу значајни за оваа категорија на граѓани . Темите што ќе се снимаат понатаму во емисиите се на темата – социјална заштита, здравство, образование, вработување и дискриминација. Сето тоа ќе го направиме со нашиот партнер тв Плус , но и ќе се дистрибуира на национално ниво на другите медиуми. Оваа работилница е многу значајна затоа што се даваат насоки за нашата работа понатаму како партнери бидејќи во Куманово за првпат работиме во партнерство со телевизија  , досега само баравме од нив,  а сега заедно ќе работиме и се надеваме дека барем малку ќе ја подигнеме јавната свест за лицата со попреченост за нивните потреби , но ќе ги покажеме и позитивните примери -да не се гледа само од страна на милостина или  сожалување туку дека и тие имаат способности да се вклучат во општеството, само треба да се адаптира средината, изјави Благица Димитровска, претседател на  здружение „Инклузива“

Здружението „Инклузива“  се залага, работи  и дава придонес  за создавање на услови  за инклузивно општество  преку активности и проекти со кои ќе влијае  лицата со попреченост  и други ранливи групи да имаат  еднакви можности  за остварување  и почтување на  нивинте човекови права.

Медиумски партнер на здружението Инклузива во проектот инклузија преку медиумите е телевизија Плус.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk