Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Иницијативи

„Инклузија“ е насловот на новата емисија, која наскоро треба да започне да се емитува на телевизија Плус. Емисијата е дел од проектот „Инклузија преку медиумите“, кој го доби Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ во соработка со телевизија Плус. Во „Инклузија“ која ќе се емитува еднаш месечно, гледачите ќе можат да се информираат за потребите, можностите, но и предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост и нивните семејства. Темите ќе се однесуваат на социјалната заштита,здравствената, образованието, вработувањето и дискриминацијата.

-Во истите ќе учествуваат лицата со попреченост но и нивните семејства, ќе прикажеме и позитивни примери односно како да се решат нивните проблеми но и ќе ја подигнеме јавната свест во нашата општина. Но и во другите бидејќи емисиите ќе се емитуваат во целиот Североисточен регион исто така ќе ги преземат и националните медиуми и мислим дека ќе направиме поголеми промени во општеството односно ќе се придонесе јавната свест да биде на повисоко ниво. Понатаму ќе поминеме низ обуки за лица со попреченост и нивните семејства за медиумска писменост и како да се однесуваат со медиумите, да учествуваат во емисиите односно ќе го надоградиме нивното знаење сами да ги кажуваат своите проблеми, бидејќи ако тие сами не зброуваат за нив никој друг нема да има слух-посочи Благица Димитровска, од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“.

Проектот финансиски е подржан од Европската унија и Високата школа за новинарство и односи со јавноста. Емисијата е планирано да трае наредните пет месеци.

Овој новинарски текст е изготвен со помош на грант доделен преку проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост”, што го спроведува Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во соработка со Институтот за различности во медиумите од Лондон и весникот „Нова Македонија“ со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на новинарски текст е единствена одговорност на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk