Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Иницијативи

Inkluziva intro
Лица со различен вид на попреченост и нивните родители денеска присуствуваа на обука за медиумска писменост, што ја спроведува здружението на промоција и развоја на инклузивно општество Инклузива од Куманово, во рамки на проектот Инклузија преку медиумите.  Пред присутните зборуваше новинарот Зоран Иванов, кој потенцираше дека овие лица мора да бидат вклучени во медиумите и заедно со нив да ги остварат своите права.

-Една од темите за кои разговараме е како да ги отворат повеќе вратите за медиумите, за да се слушнат нивните животни судбини и да се изврши на некој начин притисок до јавноста, политиката, институциите да ги регулираат состојбите во општеството за да им го олеснат животот на тие луѓе и нивните семејства. И денеска и покрај многу прописи и закони се жалат на нивно непочитување непристапност до училиштата, немање рампи, кратење на социјална помош без потреба само заради некој мал хонорар, тоа се темите кои ние низ овој начин, пристап и обука сакаме да им пратиме порака дека заедно со медиумите можат да направат повеќе-изјави Иванов.

Родителите истакнаа дека ваквите обуки се од големо знаечење за нив.

-По сите вакви средби малку се буди и кај нас свеста колку ние колективно и индивидуално преку медиумите да делуваме за да на некој начин јавноста ги согледа нашите проблеми, потреби кои што ги имаме во општеството и се она што едно семејство кога има лице со попреченост има исти потреби барања како што имаат и нормалните луѓе во ова општество-посочи  Анита Цветковска, родител на дете со попреченост.

Учесниците од обуките ќе учествуваат и во серијалот Инклузија кој веќе започна да се емитува на телевизија Плус. Емисиите опфаќаат различни теми, односно загарантираните права на лицата со попреченост, поточно социјалната и здравствената заштита, образованието, вработувањето и дискриминацијата.

-На целиот проект целта е да се зголеми видливоста на лицата со попреченост во локалната заедница односно сами да ги кажуваат проблемите со кои што се соочуваат, предизвиците но и нивните можности за да бидат видливи да се решаваат побрзо, бидејќи сами ако не зборуваат и не излезат во јавност, никој не сака ниту да ги слушне проблемите-истакна  Благица Димитровска, родител на лице со попреченост и претседател на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива од Куманово.

Обуката со лицата со попреченост и нивните родителите, ќе продолжи и утре. Инаку претходно во рамки на проектот беа обучувани новинари. Носител на проектот „Инклузија преку медиумите“ е здружението за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива, а медиумски партнер е телевизија Плус.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk