Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Иницијативи

velesani za zastita na zivotnite 1

Денес во попладневните часови низ велешките улици се организираше протестен марш на Здружението „Анимал воис“ со цел заштита на животните. Протесниот марш се движеше низ главните улици на Велес со почетна локација Интернатот „Лазар Лазаревски“.

„Целта е да се поттикне свеста на народот, забрани продажбата на слободен отров којшто може да го купи секој, а е нелегален отров“, изјави Драгана Димовска, четиригодишен активист на Здружението.

velesani za zastita na zivotnite 3Драгана Димовска

Маршот беше поддржан од љубителите на домашните миленици кои директно беа засегнати од постоењето на овој проблем.

Меѓу големиот број присутни поддржувачи, беше присутен и кандидатот за градоначалник на општина Велес, Аце Коцевски и претседателот на еколошкото друштво „Вила Зора“, Ненад Коциќ.

Здружението бара да се зголемат капацитетите за згрижување кучиња од улица во стационар во Велес.

velesani za zastita na zivotnite 2

Веста е преземена од www.radiomof.mk

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk