Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Иницијативи

deceniski problem so parkinzi debar maalo

Во Општина Центар се изгради нов монтажен паркинг како трајно, системско решение на проблемите  со кои се соочуваа граѓаните од Дебар Маало.

Со овој проект конечно се дава решение на проблемот со пренасочување на паркирањето и солободување на тротоарите од оваа населба

„Заради дотогашната лоша соработка со претходната власт и недоволната контрола од страна на тогашното МВР, ограничувањето на сообраќајот не се почитуваше во целост’’ – изјавуваат локалните власти.

Монтажниот паркинг е изграден меѓу празните општински бараки Министерството за одбрана и истиот има капацитетна можност да прими од 270 до 350 возила.

Исто така, со овој проект се решава и деценискиот проблем со паркирањето на Боемска улица, но и на државните институции и општински власти кои функционираат во околните објекти. Од општината следно најавуваат поставување на заштитни столпчиња на сите улици, со што населбата Дебар Маало би постанала пешачка зона и еколошки почиста средина за живеење.

Општина Центар пред една година го изгради првиот монтажен паркинг позади трговскиот центар Буњаковец и со овој проект се обезбедија 140 места за бесплатни паркирање на возила.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk