Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Иницијативи

Советот за етика во медиумите во Македонија утврди дека Кодексот на новинари е прекршен по различни основи, при што е утврдено дезинформирање на јавноста, пристрасност во информирањето, непотврдени податоци или сензационалистички наслови по однос на седумте жалби поднесени од Радио МОФ и група средношколци. 

Жалбите беа испратени во текот на трите обуки со средношколци од Скопје, Велес и Тетово на кои предаваа новинари од Радио МОФ. Една од активностите беше учесниците да пронајдат текстови кои сметаат дека се неетички и не ги запазуваат професионалните новинарски стардарди. Сите седум поднесени претставки, за седум различни објавени теми од медиуми, СЕММ ги уважи како „основани“. 

Одговорите на претставките може да се видат на сајтот на СЕММ/ОДЛУКИ 

Средношколците учествуваа на овие обуки како дел од проектот „Младинска медиумска писменост“ што го спроведуваат Радио МОФ и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), како членови на Коалицијата за медиумска писменост.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk