Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Иницијативи

Ова можеби наликува на Див Запад, но ова се случувања од срцето на Скопје. Центарот за заштота на ЛГБТИ заедницата го нападнаа вандали, на самото отворање, преку ден, но и кога вратата беше заклучена, навечер. Но иако од тогаш поминаа години, ниеден од напаѓачите не е идентификуван, ниту казнет. На полицијата очигледно не и помогнаа ниту снимките од безбедносните камери. И натаму велат дека „истрагата е во тек“.

Според податоците од Министерството за внатрешни работи, во 2017 година не се регистрирани  напади на припадници или објекти на ЛГБТ заедницата. Но од 2013 до 2016-та имало шест.

Во име на побрзото правно расчистување на напади врз ЛГБТИ заедницата, активистите прават споредба со друг инцидент. Со насилството во Собранието на 27 април 2016, кога за идентификација на напаѓаќите послужија безбедносните камери.

Јавното Обвинителство и Министерството за внатрешни работи си ја префрлаат одговорноста:

Како израз на револт поради потиснување на насилствата, активисти од невладини организации и претставници од ЛГБТИ заедницата во Македонија, во 2013 година протестираа секој четврток пред Основното Јавно Обвинителство, барајќи истрага и осуда за насилствата. Но и тогаш и сега го слушаат истиот одговор – Истрагата е во тек!

Бајрам Мемети

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk