Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Инфо

Со осуда за нападите врз новинарите во законодавниот дом, се одбележа светскиот ден на слободата на медиумите. На дебатата што на 3 мај ја организираше Делегацијата на Европската Унија во земјава, евроамбасадорот Самуел Жбогар побара сторителите да бидат изведени пред правдата. Тој, исто како и неговата колешка Нина Суомалаинен, амбасадорка на ОБСЕ истакнаа дека слободата на медиумите е неопходна за здрава демократија и дека се потребни итни реформи во овој сектор.

„Само свесна публика може да ги осуди медиумите кои лажат, манипулираат и работат во име на политички или други центри на моќ“ - рече Александра Теменугова во своето излагање посветено на значењето на медиумската писменост.

Таа истакна дека само активна и свесна публика може да создаде условинепрофесионалните медиуми да бидат маргинализирани и без влијание во јавната сфера и дека медиумската писменост е есенцијална за Република Македонија, бидејќи сите ние сме сведоци на штетата што континуирано со години наназад ја прават со години во централните вести и другите информативни програми.

На настаноту учествуваа претставници на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, Македонскиот институт за медиуми, Центарот на граѓански комуникации, Здружението на новинарите на Македонија Синдикатот на новинари и медиумски работници и претставници на медиумите.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk