Моника Аксентиевска од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста е меѓу 60-те млади учесници на 10-тиот Младински форум што го организира УНЕСКО во Париз на 25 и 26  октомври.

Monika Aksentievska Youthforum portrait NH 10Целта на новата пилот верзија на 10-тиот Младински форум на УНЕСКО насловен како „Реосмислување на ангажманот на младите со УНЕСКО“ (Rethinking Youth Engagement With UNESCO)е да им се даде можност на овие внимателно избрани учесници да предложат конкретни предлози и препораки за поголема инклузивност на младите во активностите на УНЕСКО, односно нивно вклучување како партнери, а не само како корисници на програми.

Во своето обраќање на отворањето на форумот, Ирина Бокова, генералната директорка на УНЕСКО ги повика младите да се вклучат во носењето одлуки, нивната реализација, наместо да бидат пасивни корисници на одредени политики. “Младите не се само идни лидери, тие исто така се движечка сила на промените денес", рече Бокова. Роберт Чао, извршен директор на Совршен свет (Perfect world) го повика приватниот сектор да се вклучи во создавање подобар свет за младите.

За време на форумот, учесниците работеа во групи на конкретни решенија и препораки за различни сектори на УНЕСКО, а потоа и во групи по региониПрепораките од дводневниот форум во сферата на образование, комуникации, култура и слично, ќе бидат претставени на Генералната конференција што ќе се одржи од 30 октомври до 14 ноември во Париз.Моника Аксентиевска од Високата школа ќе биде една од учесничките која ќе ги презентира овие препораки на 7ми ноември.

Младинскиот форум на УНЕСКО се одржува на секои две години, почнувајќи 1999 година. За разлика од претходните години кога земјите членки сами номинираа учесници, годинава нив ги избра самата УНЕСКО низ повеќеслоен процес на селекција, трагајќи по проактивни и докажани млади кои имаат релевантно искуство во областите од домен на УНЕСКО.

Моника Аксентиевска  беше избрана поради својот богат ангажман во промовирањето на медиумската писменост во Македонија: таа е дел од редакцијата на средношколскиот весник „Медиум“ и е постојан соработник во овој тип активности на Високата школа. Таа е студентка на последипломски студии по стратегиски комуникации на Институтот за комуникациски студии. Во моментов работи како помлад истражувач во областа на дигиталните комуникации. Има дипломирано односи со јавност и корпоративни комуникации на Високата школа.

За проектот

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. ќе го реализира проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“.

Повеќе

За весникот „Медиум“

„Медиум“, весникот на сите средношколци е плоштадот на слободата на младите луѓе. Средношколец си и сакаш да пишуваш во весник. Стани дел од редакцијата на првиот средношколски весник кој излегува еднаш месечно во „Нова Македонија“.

Повеќе

 
Адреса
ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 17/1-1, Скопје тел. 02 / 30 90 004