Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Инфо

header final

Доделени наградите за најдобар медиумски производ од конкурсот „Изрази се преку медиумите“

 

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, во партнерство со Институтот за различности од Лондон и дневниот весник „Нова Македонија“ на 10-ти мај ги додели наградите за најдобрите средношколски медиумски производи добиени на конкурсот „Изрази се преку медиумите“ на тема „Би сакал/а во мојата општина да ...“

Првата награда ја освоија група ученици од СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово, втората награда му припадна на Стефан Митиќ од гимназијата „Орце Николов“ од Скопје, додека третата награда ја доби Берат Ахметај од ЕТУЦ „Михајло Пупин“ од Скопје. Исто така, без избрани уште 10 најкреативни медиумски производи, чии автори ќе учествуваат на летниот камп за медиумската писменост што Високата школа за новинарство и за односи со јавноста ќе го организира во јуни во Штип. Тоа се:

Идејата на конкурсот беше да се поттикне медиумската писменост кај младите, кои на креативен начин ќе покажат дека умеат да ги користат медиумите за да предизвикаат промена во средината во која живеат.

На конкурсот се пријавија 50тина ученици од цела Македонија. Конкурсот е дел од проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска и информациска писменост“, поддржан од Европската Унија.

Повеќе информации за конкурсот на www.medium.edu.mk

Скопје, 10.05.2018

Контакт лице:
Александра Теменугова, е-маил: temenugova@vs.edu.mk; тел: 02 3090 004

 

footer final mkd

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk