Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Инфо

Град Скопје ги награди најдобрите 27 матуранти – првенци на генерацијата од 22 средни училиште. Во рамки на манифестацијата „Средба меѓу првиот и најдобрите“ која се одржа на 13.06.2018 во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар, градоначалникот, Петре Шилегов на најдобрите  матуранти им додели признанија и парични награди.

И годинава, Секторот за локален економски развој на Град Скопје, како награда на најдобрите средношколци-првенци во генерацијата и сите оние што на некој начин придонеле за афирмација на нивното училиште организираше  екскурзија „По стапките на творците на градот“.

Целта на проектот е запознавање на младите генерации со знаменитостите, убавините и богатата историја, традиција, мултиетничкиот начин на живеење во Скопје низ вековите до денес.

Добитници: Анита Иванова  и Оле Димитријевска од СУГС „Лазар Танев“, Теодора Трпоска од СУГС „Јосип Броз Тито“, Бојан Јакимовски од СУГС „Кочо Рацин“, Тамара Андоновска од СУГС „Георги Димитров“, Мелике Исемова од СУГС „Арсени Јовков“, Марко Жаров од СУГС „Здравко Цветковски“, Едвин Лековиќ  од СУГС „Браќа Миладиновци“,  Валентин Стојановски од  СУГС „Владо Тасевски“,  Сања Георгиева од СУГС „Димитар Влахов“,  Блин Шабани  и Џемиле Идризи од СУГС „Цветан Димов“, Кире Петковски и Давид Тиранивски од СУГС „Михајло Пупин“, Матеј Јовановски и Шуајб Саќипи, Дарија Велкова од СУГС „д-р Панче Караѓозов“, Дијана Ивановска и Стефан Левковски од СУГС „Боро Петрушевски“, Леона Ебиби  од СУГС „Зеф Љуш Марку“,  Симона Смилевска од СУГС „Панче Арсовски“, Лидија Божиновска од СУГС „Васил Антевски-Дрен“, Филип Михов од СУГС „Орце Николов“, Елена  Костовска од СУГС „Никола Карев“, Милена Трајаноска од СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“, Мазез Зеќири  од СУГС „Марија Кири-Склодовска“ и  Емануел Мухаџери од СУГС „Шаип Јусуф“ .

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk