Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Инфо

МК    ENG

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста со заврши тригодишниот проект „Медиумската писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост“ што од 2016 г. го работеше со партнерите „Нова Македонија“ и Институтот за различности во медиумите од Лондон.

Во текот на овие три години издадовме 24 изданија на средношколскиот весник „Медиум“, посетивме 15 средни училишта во кои зборевме за новинарството, организиравме конкурс за најдобар средношколски медиумски производ “Изрази се преку медиумите“, организиравме Летен камп за медиумска писменост за 30 средношколци, ја надградивме веб страницата www.medium.edu.mk како препознатлив ресурс за медиумската писменост, ја основавме Коалицијата за медиумска писменост составена од осум граѓански организации и исто толку медиумски партнери, направивме истражувања како нашиот образовен систем ја третира оваа област и во соработка со Бирото за развој на образованието посочивме зошто ни е потребна промена на наставните програми и учебници.

Сето ова немаше да го постигнеме ако ја немавме поддршката на Делегацијата на Европската Унија и упатуваме голема благодарност што го препозна потенцијалот на овој проект.

Пред официјалното завршување на овој проект, тимот на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста упатува искрена благодарност до сите ученици, професори, соработници, институции и организации кои беа дел www.medium.edu.mk.

2018-та ја испраќаме со видео за сработеното во овие три години.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk