Еднодневна обука за новинарите од североисточниот регион се одржа денеска во рамките на проектот „Инклузија преку медиуми“ во организација на здружението за промоција  и развој на инклузивно општество „Инклузива“ од Куманово. Целта на проектот е да се зголеми учеството на лицата со попреченост  во локалната заедница со подобрување на нивинте вештини  за медиумска писменост преку обуки во  инклузивни групи и директно учество во серијал на емисии на пет различни теми, тема социјална заштита, здравство, образование, вработување и дискриминација.

Повеќе...

Со напливот на лажни вести и пропаганда, расте потребата од медиумски писмени ученици, кои критички ќе ги оценуваат медиумските содржини. Ќе знаат да анализираат што им сервираат медиумите, како е „спакувано“ тоа, да препознаат спинови и тенденциозност, а притоа и како да ги искористат медиумите за да учествуваат во јавната сфера. Со медиумски описменети граѓани помала е шансата за „провев“ на манипулации и неетичко новинарство, меѓутоа, искуствата покажуваат дека Македонија доста стагнира со медиумската писменост, која е недоволно вклучена во формалното образование.

Повеќе...

Еден од големите проблеми во Македонија кога зборуваме за состојбите во медиумите е клиентелистичкиот однос кој беше, а некаде се уште го има на релација медиуми-центри на моќ. Таа спрега не овозможуваше јавниот интерес да биде над личниот,  партискиот или бизнис интересот.

Повеќе...

Колку веруваме на медиумите, каде е довербата поголема во традиционалните или новите електронски медиуми, дали знаме како да ја прифатиме информацијата и како да ги препознаваме лажни вести? Ова се дел од обидите кои ги прави Коалицијата за медиумска писменост, како граѓаните односно гледачите, читателите или слушателите да ги препознаваат лажните вести кои земаат замав.

Повеќе...

Во средното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Неготино се одржа медиумска работилница на која учествуваа 60-тина ученици, претставници на Високата школа за новинарство и односи со јавноста, претставници на весникот „Нова Македонија“ и претставници на Мисијата на Европска Унија во Македонија предводени од амбасадорот Самуел Жбогар.

Повеќе...

Што ја генерира омразата кон неистомислениците и како до описменување од пропагандата, беа дел од темите на кои се дискутираше во студиото на Радио МОФ. Дебатата беше завршен дел од шестата епизода на радио-емисијата „Мегафон“.

Повеќе...

Новинарките од јавниот сервис Јасмина Никова и Ана Јосифовска Тодоровска во утринската програма на МРТВ „Македонија наутро“ на 5 април известија за клучните поенти од обуката за медимска писменост „Медиумите како чувари на јавниот интерес“ организирана од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста. МРТВ е дел од Коалицијата за медиумска писменост.

Повеќе...

Со растот на лажните вести и пропагандата, се појави потребата од медиумска писменост. Таа се дефинира како способност критички да се оценуваат медиумските содржини, односно со помош на креативни вештини да се откриваат манипулациите во медиумските производи.

Повеќе...

Дел од средношколците од гимназиијата Кочо Рацин во Свети Николе беа учесници на медиумската работилница која што се одржа во училиштето. Четриесетина ученици учеа како се прави весник и како се пишуваат вести. Предавањето за основите на новинарството го реализираа предавачи на Високата школа за новинарство, Aleksandra Temenugova, и за односи со јавноста и новинарот од дневниот весник „Нова Македонија“, Жарко Василевски.

Повеќе...

Педесетина ученици од средното училиште „Никола Карев“ во Скопје учеа како се прави весник и како се пишуваат вести. Предавањето за основите на новинарството го реализираа предавачи на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и новинари во дневниот весник „Нова Македонија“.

Повеќе...

Коалицијата за медиумска писменост основана од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, весникот Нова Македонија и Институтот за различности во медиумите од Лондон е промовирана со првите 8 членови. Први членови се граѓанските организации Вилсон Македонија, Инклузива, Специјална олимпијада Македонија, Реформатор, Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници, Македонскиот институт за европски студии и Младинскиот културен центар од Битола.

Повеќе...

Со доделување грантови на осум граѓански организации, Високата школа за новинарство и односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и дневниот весник „Нова Македонија“ денеска ја промовираше Коалицијата за медиумска писменост, поддржана од Европската унија.

Повеќе...

Македонија и официјално доби коалиција за медиумска писменост во која членуваат поголем број на медиуми кои преку разни проекти ќе и помогнат на јавноста да препознае говор на омраза, разни облици на дискриминација но самите граѓани  да дадат критички осврт на нештата.

Повеќе...

Со доделување грантови на осум граѓански организации, Високата школа за новинарство и односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и дневниот весник „Нова Македонија" денеска во ЕУ Инфо-центарот во Скопје, ја основаше Коалицијата за медиумска писменост, поддржана од Европската Унија.

Повеќе...

Со доделување грантови на осум граѓански организации, Високата школа за новинарство и односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и дневниот весник „Нова Македонија“ денеска ја промовираше Коалицијата за медиумска писменост, поддржана од Европската унија.

Повеќе...

Осум граѓански организации во партнерство со осум медиуми ќе работат на активности со кои ќе ја едуцираат јавноста критички да ги перцепираат информациите, но и да ги користат медиумите како алатка за артикулирање на своите интереси.

Повеќе...

За проектот

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. ќе го реализира проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“.

Повеќе

За весникот „Медиум“

„Медиум“, весникот на сите средношколци е плоштадот на слободата на младите луѓе. Средношколец си и сакаш да пишуваш во весник. Стани дел од редакцијата на првиот средношколски весник кој излегува еднаш месечно во „Нова Македонија“.

Повеќе

 
Адреса
ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 17/1-1, Скопје тел. 02 / 30 90 004