Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Медиумски објави

Коалицијата за медиумска писменост основана од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, весникот Нова Македонија и Институтот за различности во медиумите од Лондон е промовирана со првите 8 членови. Први членови се граѓанските организации Вилсон Македонија, Инклузива, Специјална олимпијада Македонија, Реформатор, Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници, Македонскиот институт за европски студии и Младинскиот културен центар од Битола.

Секоја организација заедно со своите медиумски партнери САКАМДАКАЖАМ.МК, Македонската Телевизија, Телевизија Плус од Куманово, 24 Вести, Телевизија 21, Радио Урбан ФМ и Тера Телевизија од Битола ќе реализираат различни активности со кои ќе ја едуцираат јавноста и своите целни групи како критички да ги перцепираат медиумските содржини, но и да ги употребуваат медиумите за промоција на своите барања и интереси.

Осумте граѓански организации ќе добијат грантови во висина од 5.000 евра за активности со кои ќе ја унапредуваат медиумската писменост во земјата, а избрани се на јавен повик на кој се јавија 38 апликанти.



Веста е превземена од sdk.mk

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk