Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите (Media Diversity Institute) од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. преку повеќе активности ќе ја промовира медиумската и информациската писменост во земјата.

 Целта на проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“ е да се развие свеста кај публиката за влијанието на медиумските содржини, но и да ги поттикне граѓаните да се стекнат со знаења и вештини за критичка перцепција на информациите и употреба на медиумите како предуслов за активно граѓанство.

Овој проект го финансира Европската Унија.

 Преку овој проект сакаме: 

  • Да ги поврземе граѓанските организации и медиумите, заеднички да работат промовирајќи ја медиумската писменост кај граѓаните, поттикнувајќи ги активно да учествуваат во јавната сфера. Затоа ја основаме Коалицијата за медиумска писменост. Таа првично ќе биде составена од осум граѓански организации и осум медиуми кои ќе бидат нивни партнери во реализација на иницијативи што ќе се изберат на јавен повик. Овие осум иницијативи, освен традиционални форми на медиумска продукција и информирање, ќе вклучуваат употреба на медиуми како алатка за комуникација со јавноста. За поуспешна реализација на предложените иницијативи, Високата школа и лондонскиот Институт за различности во медиумите ќе ги обучат избраните претставници на медиумите и на граѓанските организации како да практикуваат професионално и инклузивно новинарство и поефективно да комуницираат со публиката, а при спроведувањето на предложените иницијативи, ќе им пружат и менторска поддршка.  Коалицијата е отворена и за сите други актери кои можат да придонесат во јакнењето на свеста за медиумската писменост: институции медиуми, медиумски професионалци, професори итн.
  • Да продолжиме со унапредување на медиумската писменост кај средношколците и младите. Во текот на трите години, Високата школа и „Нова Македонија“ ќе го печатат месечниот средношколски весник „Медиум“, кој е отворена платформа за изразување на тинејџерите. За да им ги доближиме техниките за новинарско пишување, активизам, отворање дебати за различни прашања, Високата школа и новинари од весникот Нова Македонија“ на месечно ниво ќе реализираат т.н. „медиумски лаборатории“. ќе се реализира средношколски конкурс за најдобар медиумски производ “Изрази се преку медиумите“ и летен камп за медиумска писменост. Секој декември, Високата школа ќе го организира Денот на медиумска писменост со поддршка и највлијателните електронски, печатени и онлајн медиуми во земјата, како и со другите медиуми, членови на Коалицијата.

Сите овие активности се со цел за поттикнување на критичкото размислување и изразување на тинејџерите и стекнување на знаења и способности за умна употреба на медиумите коишто се неопходни за учество во јавната сфера.

Контакт: Александра Теменугова, temenugova@vs.edu.mk.

За проектот

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. ќе го реализира проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“.

Повеќе

За весникот „Медиум“

„Медиум“, весникот на сите средношколци е плоштадот на слободата на младите луѓе. Средношколец си и сакаш да пишуваш во весник. Стани дел од редакцијата на првиот средношколски весник кој излегува еднаш месечно во „Нова Македонија“.

Повеќе

 
Адреса
ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 17/1-1, Скопје тел. 02 / 30 90 004