Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Инфо

Дискусијата со групата средношколци и професори од Демир Хисар беше последната од низата фокусни групи и интервјуа кои Институтот за комуникациски студии (ИКС) ги спроведе во рамки на проектот „Локална акција за подобри политики за заштита на животната средина“. Од почетокот на мај, ИКС реализираше шест фокусни групи и десетина интервјуа со професори во шесте региони и општини со заштитени подрачја (Пелагонија, Струмица, Охрид, Преспа, Демир Капија, Тиквеш). Учесниците дискутираа кои се според нив приоритетите за заштита на животната средина во нивната најблиска околина, колку во формалното образование се учи за екологија, за одржлив развој и за заштита на средината, дали се вклучени во воннаставни активности во оваа област, форми на соработка меѓу училиштата и институциите, локалната власт, граѓанските организации и сл. Во истражувањето беа вклучени шеесетина средношколци и единаесет профсори од вкупно единаесет средни училишта во овие региони и општини.

На почетокот на март, пред да се затворат границите поради Ковид 19, 14 ученици од АСУЦ „Боро Петрушевски“ Скопје и шест наставници последни ги искористија можностите на Еразмус програмата, посетувајќи ги нивните колеги од стручното училиште во Вилнус, Литванија.

ИКС направи кусо видео во кое накусо се сублимираат искуствата на шесте средношколски тимови од „Биди медиумски активен/на“. Средношколците покажаа дека умеат да бидат новинари и во вонредни услови. Искуствата ќе се паметат долго.

Logoa na IKS, Medium i EU

Институтот за комуникациски студии и Делегацијата на Европската Унија на 24 април 2020 г. (петок), 11.30-13 ч. организираат онлајн дебата „Дигиталната писменост – неопходни вештини за онлајн настава“. Ова е завршен настан oд средношколскиот конкурс „Биди медиумски активен/на“ со кој се одбележува Европската недела на медиумска писменост 2020.

Шест граѓански организации заедно со средношколци од шест региони во земјава ќе иницираат решавање локални проблеми за заштита на животната средина. Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Македонското еколошко друштво (МЕД) следните две години ќе ги обучуваат еко-активистите и учениците од Пелагонија, Охрид, Струмица, Тиквеш, Демир Капија и Преспа како да иницираат и претстават одреден проблем во нивниот регион, а во чие решавање ќе ги вклучат граѓаните и институциите.

Објавата на прилозите на шесте средношколски тимови се пролонгира поради новонастанатата ситуација со пандемијата. Европската комисија ја одложи Европската недела на медимска писменост 2020, па ИКС во координација со Делегацијата на Европската Унија во земјава одлучи привремено да ги стопира активностите предвидени со конкурсот „Биди медиумски активен/на“. Одложен е и завршниот настан што требаше да се одржи на 27 ми март во Скопје.

Шесте средношколски тимови деновиве ги прават првите верзии од новинарските приказни со чии предлози победија на средношколскиот конкурс Биди медиумски активен/на. Истражуваат, интервјуираат извори, собираат податоци, снимаат, монтираат. Нивната работа ја следат професорите и новинарите од медиумите-партнери кои ги поддржаа во идејата.

Средношколските новинарски тимови кои беа избрани на конкурсот „Биди медиумски активен/а“ на еднодневните работилници кои ги организираше Институтот за комуникациски студии учеа како се пишува вест, што ја прави една вест вредна за објавување, како се креираат медиумски содржини, а се запознаа и со новинарските истражувачки техники. Исто така, за време на работилниците средношколските тимови заедно со нивните медиумски партнери ги детализираа плановите за продукција на нивните приказни.

ALB  ENG

EU IKS MEDIUM LOGOA KONKURS

КОНКУРС
ЗА ИЗБОР НА СРЕДНОШКОЛСКИ НОВИНАРСКИ ТИМОВИ ЗА
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ 2020

„Биди медиумски активен/на“

Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија и Институтот за комуникациски студии (ИКС) ги повикуваат средношколците во земјата да се пријават на конкурсот „Биди медиумски активен/на“ (#BeMediActive) и заедно да ја одбележат Европската недела на медиумска писменост 2020. Средношколците треба да испратат предлози за изработка на новинарски приказни што ќе ги продуцираат во партнерство со еден од медиумите во Република Северна Македонија. Предлог идеите за новинарски приказни треба да содржат јасно образложение на одреден проблем со кој се соочуваат младите. Идејата на конкурсот е средношколците да стекнат нови или да ги усовршат постоечките новинарски вештини и преку медиумска поддршка и новинарски обуки, да го свртат вниманието на јавноста и да ги предизвикаат носителите на одлуки за решение на младинските проблеми.

Вкупно 172 средношколци од 14 училишта од целата држава учествуваа на Медиумскиот ден што го организираше Институтот за комуникациски студии. На 30 октомври средношколците посетија вкупно осум национални и локални медиуми кои се старо-нови домаќини на оваа традиционална иницијатива, што се случува петта година по ред. Учениците се запознаа со работата на новинарите, начинот на креирање вести и професионалните новинарски стандарди. Медиумскиот ден заврши со интервју со македонскиот претседател Стево Пендаровски, кој ги прими 70-те средношколци како дел од неговата поддршка на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ што ја реализира ИКС со поддршка на Британската амбасада. 

Вкупно 172 средношколци од 14 училишта од целата држава учествуваа на Медиумски ден што Институтот за комуникациски студии го организираше по петти пат на 30 октомври оваа година. Средношколците посетија вкупно осум национални и локални медиуми кои се традиционални домаќини, а 70-тина ученици се сретнаа и со македонскиот претседател Стево Пендаровски. Учениците се запознаа со работата на новинарите, начинот на креирање вести и професионалните новинарски стандарди, а потоа имаа интервју со претседателот Пендаровски.

„Медиум“ се приклучува во „Неделата против лажните вести“, кампања за борба против дезинформациите што Институтот за комуникациски студии (ИКС) ја организира втора година по ред.

На 30 октомври (среда), Институтот за комуникациски студии ќе го организира петтиот Медиумски ден. Околу 130 ученици од 14 училишта ќе посетат вкупно осум национални и локални медиуми кои се традиционални домаќини. Идејата е учениците да се запознаат со работата на новинарите, начинот на креирање вести и професионалните новинарски стандарди.

Младите новинари од „Медиум“ известуваа од прославата за роденденот на кралицата на Обединетото Кралство што на 13 јуни го организираше Британската амбасада во Македонија во Музејот на современа уметност во Скопје. Средношколците Калина, Мила, Кристина, Берат и Стефан ги интервјуираа гостите за едно од најгорливите прашања во земјата, но и во светот - заштитата на животната средина.

Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ од 08 до 10 јуни организира средношколски камп за еко-новинарство во Струмица.

Средношколскиот весник „Медиум“ како дел од кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ се приклучува кон активностите на граѓанската иницијатива „Не биди губре“.

Европската комисија го избра проектот МАМИЛ на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста како еден од 10те најдобри проекти за медиумска писменост во Европа за 2019 година.

Под мотото „Сподели радост за родова еднаквост“ учениците од гимназијата „Орце Николов“ – Скопје го одбележаа празникот на жената. Со поинаков пристап во борбата против стереотипите во училиштата, тие упатија апел до соучениците и младите дека општеството се менува, вклучувајќи ја практиката на прославување на овој празник. Најнапред во училиштето, преку активизам за поддршка, а потоа и меѓу граѓаните - тие пренесоа дел од своите идеи за подигнување на свеста за важноста на овој ден.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk