Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Инфо

На почетокот на март, пред да се затворат границите поради Ковид 19, 14 ученици од АСУЦ „Боро Петрушевски“ Скопје и шест наставници последни ги искористија можностите на Еразмус програмата, посетувајќи ги нивните колеги од стручното училиште во Вилнус, Литванија.

Во рамки на проектот „Развивање на професионалните и меките вештини за полесно вклучување на пазарот на труд“, учениците имаа практична обука во неколку сервиси за возила во Вилнус, меѓу кои и Волкцваген (Volkswagen), a дел од обуката се реализираше и во „Центарот за обука“ на партнерското училиште од Вилнус. Во сервисите за возила, учениците се обучуваа под надзор на ментори, кои во најголем дел од обуката, им овозможија да работат самостојно во процесот на сервисирање на возилото и да го користат целокупниот алат и опрема за истото. Учениците користеа макети, симулатори, тестери и други уреди кои наставниците ги користат за време на часовите по практична настава. Учениците го усовршија процесот на комуникација со вработените, а, воедно, и англискиот јазик во областа на струката.

Наставниците беа активно вклучени во теоретските и практичните часови во партнерското училиште и разменија искуства со наставниците од Вилнус. Менторите ги евидентираа постигнувањата и стекнатите знаења на учениците, потврдени со соодветни сертификати.

Реализацијата на овој проект, како и сите претходни од Програмата „Еразмус+“, придонесува за зголемена професионалност на сите учесници во проектот и зголемена висококвалификувана работна сила во сервисите за возила.

Авторка: Мимоза Гичевска, професорка во АСУЦ „Боро Петрушевски“ Скопје и проектна координаторка на Еразмус проектот 

  • Poslednata-Erasmus-poseta-pred-pandemijata-na-ucenicite-od-ASUC-vo-Litvanija-1
  • Poslednata-Erasmus-poseta-pred-pandemijata-na-ucenicite-od-ASUC-vo-Litvanija-2
  • Poslednata-Erasmus-poseta-pred-pandemijata-na-ucenicite-od-ASUC-vo-Litvanija-3
  • Poslednata-Erasmus-poseta-pred-pandemijata-na-ucenicite-od-ASUC-vo-Litvanija-4
  • Poslednata-Erasmus-poseta-pred-pandemijata-na-ucenicite-od-ASUC-vo-Litvanija-5
  • Poslednata-Erasmus-poseta-pred-pandemijata-na-ucenicite-od-ASUC-vo-Litvanija-6
  • Poslednata-Erasmus-poseta-pred-pandemijata-na-ucenicite-od-ASUC-vo-Litvanija-7
  • Poslednata-Erasmus-poseta-pred-pandemijata-na-ucenicite-od-ASUC-vo-Litvanija-8

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk