Промовирана Коалицијата за медиумска писменост

Приклучете се на Медиумскиот ден на 7-ми декември

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со весникот „Нова Македонија“ и Институтот за различности во медиумите од Лондон на 7-ми декември 2016 година ќе организира Медиумски ден. Во текот на целиот ден, за учениците од средните училишта во Македонија се организираат посети по различни медиуми (електронски, печатени, онлјан) во Скопје и во другите градови низ земјата. Учениците, претставувани од свои професори, може да се пријават за учество на овој настан на medium@medium.edu.mk до 01 декемри 2016 година..

Медиумски ден

7 декември 2016

АПЛИЦИРАЈ

Што е медиумска писменост?

Граѓаните кои се медиумски писмени се свесни за информациите што ги користат, како ги нашле, кој ги направил и зошто.
Медиумите, без разлика дали се јавни или комерцијални, треба да се свесни за своето влијание, но и за обврските кон публиката.
Граѓанскиот сектор може медиумски да ги едуцира своите целни групи.
Учествувај и ти во јавната сфера, користејќи ги видео-упатствата за креирање видео, фотографија или онлајн содржини.
Средношколски весник

Излезе новиот број на весникот „Медиум“

Низ ходниците

Во друштво е главен, а во пливање шампион

„Медиум“ редовно информира за случувањата во средношколските училишта. Ги поттикнуваме учениците да ни испраќаат информации на medium@medium.edu.mk

Јас мислам вака

Јас мислам вака

Ова е рубрика наменета за средношколски ставови, испрате ни го вашето мислење на 40-тина редови со ваша фотографија, име и презиме и училиште од кое доаѓате.

Фаца на месецот

ИНТЕРВЈУ СО ВАСИЛ ЗАФИРЧЕВ, АКТЕР

Биди новинар и интервјуирај личност чиј успех или искуство вреди да се сподели со младата публика. „Медиум“ е отворен да ги чуе средношколските предлози за актери, пејачи, млади иноватори, спортисти, талентирани соученици.

Стрип

Стрип

„Медиум“ соработува со Стрип центарот на Македонија, објавувајќи стрипови изработени од средношколци. Учениците може да испраќаат трудови на medium@medium.edu.mk

Повеќе
Стрип

Софронија Шарламанов, Струмица

Медиумски лаборатории

Високата школа и „Нова Македонија“ организираат медиумски лаборатории во средните училишта. На еднодневните работилници младите учат основни новинарски вештини.