Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Медиумски ден

Околу 130 средношколци од 14 училишта од целата држава учествуваа на Медиумски ден што Институтот за комуникациски студии го организираше по петти пат на 30 октомври оваа година. Средношколците посетија вкупно осум национални и локални медиуми кои се традиционални домаќини, а 70-тина ученици се сретнаа и со македонскиот претседател Стево Пендаровски. Учениците се запознаа со работата на новинарите, начинот на креирање вести и професионалните новинарски стандарди, а потоа имаа интервју со претседателот Пендаровски.

По четврти пат, Високата школа за новинарство и за односи со јавноста го организираше Медиумскиот ден за средношколците од Македонија. Вкупно осум медиуми: дневниот весник Нова МакедонијаМРТ1 ПромоTV21TERA TV (Битола) и ТВ Плус (Куманово), ТВ Вис Струмица, Makfax и Радио МОФ беа домаќини на над 130 ученици од Скопје, Дебар, Валандово, Богданци, Кавардарци, Велес, Битола, Куманово, Св. Николе.

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста в среда, 6 декември го организира третиот Медиумски ден, при што повеќе печатени, електронски и онлајн медиуми од Скопје, Битола и Куманово ќе бидат домаќини на ученици од повеќе средни училишта од цела Македонија. Идејата на овој настан е публиката, а особено младите, да се запознаат со улогата на медиумите во општеството, начинот на функционирање на една редакција, како и со основните новинарски професионални стандарди.

Медиумите ТВ 24 Вести, ТВ 21, Радио МОФ, Нова Македонија, Телеграф.мк, Тера ТВ и Канал Плус Куманово беа домаќини на 100 тина средношколци од Скопје, Битола, Гевгелија, Виница, Штип. Идејата за организација на ваков ден е публиката, а особено младите да се запознаат со улогата и функцијата на медиумите во едно општество, начинот на кој се создаваат вестите, новинарските стандарди и кога тие се прекршени.

Околу стотина средношколци ја осознаа и учествуваа во медиумската продукција на Македонската телевизија, Радио Метрополис и Сити Радио, Нова Македонија и Телеграф.мк. 

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk