Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

profesorkataБилјана Муфишовска од скопската гимназија „Никола Карев“ на своето работно место е одлична професорка по англиски јазик. Но, штом ѕвончето го означи крајот на последниот час од нејзиниот работен ден, Муфишовска станува и најголем еко-активист. Таа слободното време го посветува на еко – едукација на нејзините ученици, како и на сите оние кои ја опкружуваат.

jocka1Клубот „Јоска“ при средното училиште „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија опстојува веќе четврта година по ред како проектна активност од областа на литературните клубови и драмските секции. Овој клуб брзо преминува во младински клуб во кој членуваат ученици кои го сакаат убавиот пишан збор, новинарството и работата со и во електронските медиуми. Денес „Јоска“ брои повеќе од 70 ученици, а со него раководи професорот Тони Аврамов.

jbt-mal-sveСредно училиште. Првата голема одлука во животот на секој млад човек. Каде да се поминат годините кои се незаборавен спомен од младоста,годините кога учиме од се по нешто, но најмногу за животот?! Предизвик, каде, зошто и што потоа? Учам во гимназијата ,,Јосип Броз Тито“, и како вчера да беше кога првпат влегов во училиштето.

tunis-pretstavaТеатарската претстава „Срце кое бие“ е заеднички проект на учениците од скопската гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“ и средношколци од градот Сфакс во Тунис.

tijana-medalСо второ место и сребрен медал се закити средношколката Тијана Јанковска од скопската гимназија „Георги Димитров“ на годинешната Олимпијада по германски јазик која летово се одржа во Франкфурт, Германија.

kumanovo-st-petersburgУчење на руски јазик преку незаборавни дружби. Вака петте ученци од гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово ја опишуваат својата авантура рускиот град Санкт Петербург.

lokalna-promena1Дали треба да бидеме отворени кон оние кои се поразлични од нас? Како да изградиме свет без стереотипи и предрасуди? Како да се справиме со глобалните трендови и предизвици?

horistite-m-acevХористите на прилепската гимназија „Мирче Ацев“ беа дел од актерската екипа на театарот „Војдан Чернодрински“ којшто го освои третото место на Интернационалниот фестивал на театарска уметност “Екс Понто”.

announcerПокажи ги твоите медиумски вештини и критички способности. Испрати ни информации, фотографии, аматерски видеа или стрипови кои ќе ги објавиме на веб страницата и во весникот на „Медиум“. За ноемврискиот број на весникот, испратете ги информациите до 12-ти ноември на medium@medium.edu.mk.

karevГимназијата „Никола Карев“ oд Скопје во ноември ќе го одбележи 70-годишниот јубилеј за патрониот празник. По тој повод, училиштето организира повеќе настани, меѓу кои промоција на Монографијата, голема забава во гимназијата и централна прослава во Македонската опера и балет (МОБ).

seloНа самиот почеток од годинава, учениците од скопската гимназија „Орце Николов“ како дел од проектот „Интернационално село Словачка", ја посетија Братислава во друштво на ученици од повеќе европски земји.

bidi-zelenНа почетокот од третата година од своето постоење Клубот „Биди Зелен“ од скопската гимназија „Никола Карев“ веќе започна со регрутација на нови членови. „Биди Зелен“ е младинска еколошка организација која спроведува активности на теми поврзани со обновливите извори на енергија, индустриското загадување и отпадот.

diskuПрофесионалните новинарски стандарди не се почитуваат поради влијанијата кои различни бизнис и политички центри на моќ ги имаат врз медиумите. За ова дискутираа дваесетина средношколци при посетата на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, организирана од Младинскиот образовен форум.

Вкупно 90 средношколци од Македонија и Албанија беа дел од младинскиот камп „Светското наследство во рацете на младите“ кој се одржуваше во Охрид во текот на изминатава недела. Во рамки на ова едукативно дружење, учесниците имаа можност да се запознаат со вештините за изработка на филигран, со копаничарството, со народната музика, со сликањето, изработката на кошници и други стари занаети кои се дел од богатото културно наследство во овој регион.

teh5Технологијата навистина го прави животот полесен, и тоа важи со полна сила за можностите за следење. Ако некогаш сте барале посебен производ во која било онлајн-продавница, а потоа со недели сте биле малтретирани со реклами за тој производ, тогаш може да бидете сигурни дека маркетинг-агенциите ве следат и ги користат вашите лични податоци.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk