Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Европскиот ден на јазиците, во гимназијата „Јосип Броз - Тито“ во Битола беше одбележан по петти пат.

СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ во партнерство со „Волонтерски Центар Скопје“ го започна проектот „Социјална инклузија во нашето соседство-промена“. Проектот е добиен од Академијата за Средно Европски Училишта во февруари 2017 и истиот ќе трае до декември 2017.

Патрониот празник во ОСУ „Мирко Милески“ Кичево, годинава, беше одбележан со интонирање на македонската химна од училишниот хор, а беа положени и букети свежо цвеќе пред бистата на народниот херој во кругот на училиштето.

Живееме во дигитална ера. Децата се раѓаат со смартфон во едната и таблет во другата рака. Денешната мултимедијална култура овозможува уште на мала возраст децата да се едуцираат преку игри и други корисни апликации. Како растат, така се повеќе се „бомбардирани“ со информации, од кои повеќето и не се корисни за нив.

„Ако повторно се запишувам во средно, изборот повторно би бил ‘Орце’“ – ова е најчестиот коментар на учениците кои завршиле во оваа гимназија, која е една од најстарите во земјава.

Има само 15 години, а зад себе многубројни награди, освоени на балкански, европски и светски натпревари како информатичар и компјутерски програмер.

На иницијатива на граѓанскиот сектор, до крај на оваа година, според оптимистичи прогнози, се очекува да се усвојат измени на Законот за средно образование за средношколско учество во процесот на одлучување во секое средно училиште, но и на регионално и национално ниво. Министерството за образование и наука (МОН) даде позитивни сигнали за иницијативата. На ред е разгледување на финалната верзија од предлозите, формирање на работни групи, по што законските измени би дошле на дневен ред во Собранието на Македонија.

Професори и ученици од средното училиште СОУ„Ванчо Прке“ од Виница, како дел од програмата „Еразмус+“, имплементираа неколку проекти на ниво на училиштето, по претходни обуки и посети во различни европски земји и разменети искуства. Еден од нив е „Youth fighters against unemployment“, во чии рамки учениците ги проширија познанствата со ученици од Бугарија и ги унапредија своите вештини.

Во рамки на ,,Европската недела на мобилност", скопските средношколци се едуцираа за придобивките од одржливиот транспорт. Учениците од СУГС ''Раде Јовчевски-Корчагин" посетија Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС) во главниот град и се запознаа со придобивките од функционирањето на овој центар.

Претставници од СЕПУГС ,,Васил Антевски-Дрен", минатиот месец, присуствуваа на вториот работен транснационален состанок на работната група за проектот ,,Got pollution ?!..Be the sollution...Recycle!...", како дел од ,,Еразмус+" програмата за рециклирање и почиста животна средина. Вториот транснационален состанок се одржа во Брага, Португалија. Целта на состанокот беше разгледување на досегашните активности, спроведени во рамките на проектот, како и планирање на понатамошните чекори. Се разменија и искуства околу рециклирањето во шест училишта од исто толку европски земји.

Во рамки на проектот ,,Искуство – мост меѓу различностите”, кој се одржа во Мадан, Бугарија, активно учество земаа двајца средношколци од СОУ ,,Кочо Рацин”, Свети Николе. Тие беа единствените средношколски учесници од Македонија. Станува збор за Мери Додева и Бојан Николов, активисти во европската организација ,,Erasmus +”, организација која соработува со организацијата ,,Центар за Рурален развој” – Струга. Средношколците, како активисти, претходно стекнаа искуство во реализација на најразлични видови на проекти во врска со мигрантите, како и здрав живот и чиста околина.

Ученици од гимназијата „Георги Димитров“ од Скопје учеа за ликот и делото на Св. Климент Охридски. Но, учеа одејќи по неговите стапки: низ струшко и охридско. Напишаа патепис и снимија видео репортажа.

Автор: Надица Танева Јанева 

Само храбрите и бестрашните може да успеат

Првото место кое го освои во Македонија му донесе пласман на финалниот шампионат што се одржа во Орландо, САД, каде на светскиот натпревар во конкуренција од 120 учесници, Марко го освои деветтото место во категоријата „Мајкрософт Пауер Поинт 2013“.

Истражувањето на „Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ за безбедноста на младите и нивниот сексуален развој и искуства покажале дека младите не се безбедни при првите сексуални искуства, недоволно се информирани и поради тоа се жртви на насилство во училиштата, особено оние кои се со нагласена хомо и бисексуална ориентација

Елена Костовска е ученичка во СУГС ,,Никола Карев”, трета година и досега има издадено 10 збирки поезија, на своја 16 годишна возраст.
Од рецензиите за нејзината поезија, напишани од професор Мирјана Славевска, го дознаваме следново стручно мислење: „Нејзината интересна и необична поетска авантура бара придружба за да откриеме уште една несекојдневна вистина за нас, налик на спојување на уште една планина, до чиј врв ќе стасаме минувајќи низ питома убавина, но и низ сурови и опасни предели. Меѓу другото, младата, но веќе опитна поетеса, ќе покаже и познавање и сензибилтет за стихот на македонската народна песна. На овие стихови им посакуваме што побргу да се најдат меѓу читателите, да го добијат своето вистинско место во ризницата на македонското поетско богатство, но и да освојат и подалечни простори зашто тоа навистина го заслужуваат.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk