Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Инфо

Над 100-тина средношколци од 11 училишта од цела Македонија посетија вкупно седум електронски, печатени и онлајн медиуми од Скопје, Битола и Куманово. Овие посети ги организираше Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во рамки на третиот Медиумски ден што се одржа на 6-ти декември 2017-та. Идејата на овој настан е публиката, а особено младите, да се запознаат со улогата на медиумите во општеството, начинот на функционирање на една редакција, како и со основните новинарски професионални стандарди.

Моника Аксентиевска од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста е меѓу 60-те млади учесници на 10-тиот Младински форум што го организира УНЕСКО во Париз на 25 и 26  октомври.

Средношколскиот весник „Медиум“ и Коалицијата за медиумска писменост основани од Високата школа беа претставени на еден од најзначајните европски настани за медиумска писменост во Европа Media Meets Literacy што се одржа од 18-21 септември во Сараево.

Медиумски писмениот граѓанин умее да ги користи традиционалните и новите медиуми за преку кои ќе ги промовира своите барања и интереси во јавноста. Но како сето ова добро да се испланира и реализира? Одговорите на овие прашања ги бараа претставниците на осумте граѓански организации и новинарите од нивните медиуми-партнери кои се членови на „Коалицијата за медиумска писменост“ што ја основаше Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во соработка со дневниот весник „Нова Македонија“ и Институтот за различности во медиумите од Лондон.

На плоштадот „Македонија“ денеска /19.05.2017 година/ се одржа традиционалната манифестација „Матурска парада 2017“, а матурантите од Скопје точно напладне, заедно со своите врсници од повеќе градови од земјава и од Европа, го одиграа танцот „квадрил“ на звуците на штраусовата опера „Лилјакот“. Оваа единаесетта по ред „Матурска парада“ ја отвори градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, а присуствуваа и Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева и евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Со осуда за нападите врз новинарите во законодавниот дом, се одбележа светскиот ден на слободата на медиумите. На дебатата што на 3 мај ја организираше Делегацијата на Европската Унија во земјава, евроамбасадорот Самуел Жбогар побара сторителите да бидат изведени пред правдата. Тој, исто како и неговата колешка Нина Суомалаинен, амбасадорка на ОБСЕ истакнаа дека слободата на медиумите е неопходна за здрава демократија и дека се потребни итни реформи во овој сектор.

Вработени во медиумите кои се членови на Коалицијата за медиумска писменост се обучуваа како стратешки да ја планираат дигиталната комуникација со публиката. 

Вкупно 35 високообразовни институции, институции, медиуми и граѓански организации потпишаа пристапници кон т.н. Мрежа за медиумска писменост што ја основаше Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ). Меѓу нив е Високата школа за новинарство и односи со јавноста.

Медиумите имаат обврска да ја едуцираат јавноста за својата професија и тоа може да го сторат единствено ако ги почитуваат новинарските стандарди. Ова меѓу другото беше главната поента на дводневната обука за медиумска писменост „Медиумите како чувари на јавниот интерес“, на која учествуваа новинари и главни уредници од редакциите кои се членови во Коалицијата за медиумска писменост.

Европската аудидивизуелна обсерваторија го објави истражувањето за мапирање на активности и и практики за медиумска писменост во 28-те земји членки на Европската Унија. Истражувањето се однесува само на неформалното образование, според методологија која ја изработи експертската група што работи под покровителство на Европската комисија.

Предавачи на Високата школа учествуваа на регионалната конференција „Медиумската писменост и образовните потреби на новинарите и на публиката“, што ја организираше Македонскиот институт за медиуми на 27 и 28 март во Скопје.

Четриесетина ученици од светиниколската гимназија „Кочо Рацин“ учеа како се прави весник, како се пишуваат вести и што е улогата на новинарите во едно општество.

Читајте го последниот број Медиум“:
- исполовите врски и сексуалното образование кај средношколците се уште се табу-тема
- интервју со младата јутјуберка Изабела Пан
- Стрип
- Медиумска лабораторија во „Никола Карев“

#МедиумВесникНаСитеСредношколци
https://issuu.com/medium.edu.mk/docs/medium28_nov-master

Преставници на осумте граѓански организации кои се членови на Коалицијата за медиумска писменост учеа како да планираат и спроведат стратегија за дигитални комуникации. Знаењата и практичните задачи што ги добија на тродневната обука во февруари, им се потребни на граѓанските организации за да ги реализираат своите иницијативи за медиумска писменост.

Медиумите ТВ 24 Вести, ТВ 21, Радио МОФ, Нова Македонија, Телеграф.мк, Тера ТВ и Канал Плус Куманово беа домаќини на 100 тина средношколци од Скопје, Битола, Гевгелија, Виница, Штип. Идејата за организација на ваков ден е публиката, а особено младите да се запознаат со улогата и функцијата на медиумите во едно општество, начинот на кој се создаваат вестите, новинарските стандарди и кога тие се прекршени.

Претставници од 8 граѓански организации учествуваа на првата обука за медиумска писменост. Учесниците се запознаа со основните концепти за деконструкција на медиумски содржини, комуникација со граѓани преку развивање пораки и употреба на различни комуникациски алатки, кои ќе им бидат неопходни за да ги спроведат своите проекти како членови на Коалицијата за медиумска писменост.

Педесетина ученици од средното училиште „Никола Карев“ во Скопје учеа како се прави весник и како се пишуваат вести. Предавањето за основите на новинарството го реализираа предавачи на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и новинари во дневниот весник „Нова Македонија“.

Триесетина ученици од средното училиште „Ванчо Прке“ во Виница учеа како се пишува новинарска вест, како се прави весник и како работи една редакција на печатен медиум. Во заедничка интеракција целата група симулираше работа во медиум, функционирајќи како една новинарска редакција.

Со доделување грантови на осум граѓански организации, Високата школа за новинарство и односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и дневниот весник „Нова Македонија“ на 18 ноември 2016 година во ЕУ Инфо-центарот во Скопје, ја основаше Коалицијата за медиумска писменост.

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности од Лондон и дневниот весник „Нова Македонија“ ве поканува на основањето на Коалицијата за медиумска писменост на 18 ноември (петок) во ЕУ инфо-центарот во Скопје од 11:00 до 13:00 часот.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk